Во срцето на Скопје, пред Центарот на Социјални Претпријатија, се реализира настан кој остави
длабок впечаток и го поддржа развојот на социјалното претприемништво. На Третиот Саем на
Социјални Претпријатија учествуваа околу 50 штандови од различни земји, вклучувајќи ги и
Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.
Саемот претставуваше само прилика за продажба на производи и услуги од социјални
претпријатија и платформа за размена на искуства и вмрежување.
Еден од најважните аспекти на овој саем е институционалната поддршка за социјалното
претприемништво. Со Законот за социјални претпријатија во фаза на финализација, овај сектор ќе
добие посебен статус и препознатливост. Овој закон ќе овозможи на социјалните претпријатија да
користат посебна маркетиншка ознака, што ќе им обезбеди дополнителна препозбатливост и
доверба кај граѓаните. Граѓаните со купување на производи и услуги од социјални претпријатија,
ќе знаат дека и самите придонесуваат за подобро и посолидарно општество.
Социјалните претпријатија играат кључна улога во креирањето на нови работни места, особено за
ранливите групи во општеството.
Третиот Саем на Социјални Претпријатија беше организиран како резултат на соработката меѓу
проектот "Поддршка на Развојот на Социјални Претпријатија", поддржан од Министерството за
Труд и Социјална Политика, Амбасадата на Република Полска во Скопје и Пакомак, во соработка
со проектот "Регионален Инкубатор за Социјални Претприемачи" (RISE) на Регионалната
Канцеларија за Младинска Соработка (RYCO).
Амбасадата на Република Полска во Скопје е активен поддржувач на развојот на социјалното
претприемништво во Северна Македонија а Пакомак директен поддржувач на саемот и зената
економија.
Синергијата на овие настани и проекти имаат потенцијал да направат значителни промени во
социјалната и економската средина во земјата и регионот, промовирајќи принципи на
солидарност и одговорност кон нашите најранливи граѓани и долгорочна одржливост на
социјалните претијатија.