Обуки и креирање на профили на фирмите за онлајн продажба – 10 фирми на млади до 29 години. Тимот на експерти во соработка со Креација Скопје, ги поддржува микро и малите претпријатија за да се надминат потешкотиите во дигитализацијата. Решението е во две насоки: (а) градење платформа за е-трговија со е-продавници; и (б) поддршка на корисниците во примена на е-алатки, управување со продажбата на Интернет и промовирање.
