Истражувачки активности

  1. Креирање дата база за мали и средни фирми
  2. Технолошки трансфери – конекција на академија и реален сектор
  3. Иновативни иницијативи
  4. Можности за инвестирање во РСМ

Истражувачката активност на Фондација Сизигија е насочена кон развој на екосистемот за поддршка на мали и средни претријатија и зајакнување на институционалниот капацитет. Фокус се различни области од развојот на МСП, циркуларна и социјална економија, култура, дигитализација и друго со широк опфат на дејностите и нивниот импакт. Истите даваат резултати во проектните активности, помагаат во процесот на одлучување, придонесуваат за поуспешно функционирање и соочување со идните предизвици. Воедно, предвидените истражувања и анализи придонесуваат кон натамошно осовременување на работењето, истакнување на локалниот и националниот импакт, како и подготовка за идното учество во ЕУ интеграциите. Во следниот период истражувањата се насочени во различни области коишто вклучуваат разработка на едно или повеќе истражувачки прашања кои се суштествени за раст и развој.