ЈАВЕН ОГЛАС до верификувани спроведувачи на обука
Република Северна Македонија
Фондација Сизигија – Скопје
За имплементирање на активностите на проектот Црн Лебед, Фондација Сизигија Скопје,
на ден 30.04.2025 година распиша
ЈАВЕН ОГЛАС
до верификувани спроведувачи на обука
Фондација Сизигија– Скопје распишува јавен оглас за избор на верификувани спроведувачи на обука за образование на возрасни за реализација на активностите на
проектот Црн Лебед.
Проект „Црн Лебед“ е имплементиран од Impact Hub Austria и Фондацијата Сизигија од Северна Македонија е насочен кон охрабрување на млади жени (15-24 години) кои не се вработени, ниту во образование или обука (НЕЕТ), како и лица со попречености да се ангажираат преку верифицирани обуки, и практична работа и да се креира одржлива социјална и економска инклузија.
Проектот има за цел да ги подобри вештините и можностите за вработување на младите жени (HEET) и лицата со попречености во Северна Македонија преку обуки и градење вештини за зголемување на нивната вработливост.
На Јавниот оглас може да се пријават верификувани спроведувачи на обуки кои ќе ги реализираат следниве програми по градови:
- Агент за продажба преку телефон – Скопје
- Дигитален маркетер – Скопје, Прилеп, Битола, Тетово
- Оператор за графички и веб дизајн – Скопје, Битола, Прилеп, Тетово
- Службеник во сметководство / книговодство – Скопје, Прилеп, Битола
- Оператор на ЦНЦ машина – Струмица
- Собирач на секундарни суровини – Скопје
- Шивач – Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, Делчево
- Готвач – Прилеп, Битола, Скопје, Берово
- Слаткар – Скопје, Тетово
- Козметичар – Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово, Делчево, Берово
- Маникир – педикир – Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово, Делчево, Берово
- Фризер – Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово, Делчево, Берово
- Шминкер – Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово, Делчево, Берово
Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да ги исполнуваат следните услови:
- да имаат решение за верификација на посебна програма за образование на возрасните издадено од ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
- да имаат решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од Министерство за образование и наука,
Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да достават потребна документација:
- Тековна состојба на институцијата
- Листа на спроведени обуки и обучени лица
- Документ за регистрирана дејност – образование на возрасни;
- Потврда/изјава за располагање со стручен кадар кој ќе ја спроведува програмата;
- Решение за верификација на посебна програма за образование на возрасните издадено од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
- Решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од страна на Министерство за образование и наука, до започнување на обуката.
Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени лица, спроведувачите може да понудат и пракса на кандидатите по завршување на обуката.
Спроведувачи на обука треба да достават финансиска понуда со детална програма и времетраење на обуката.
Потребната документација се доставува најдоцна до 14.05.2025 година на емаил:
sizigija@gmail.com
