Сизигија Скопје – Фондација за креирање на екосистеми, технологии, иновации и трансфер на знаење за личен и бизнис развој

Фондацијата Сизигија Скопје го поддржува екосистемот за развој на претприемништво, новите технологии, иновации и трансфер на знаење за личен и бизнис развој во одржливо опшество. Балансираниот животен и кариерен пат како цел на современиот човек, создаде потреба да се изгради општество во кое ќе се живее со постојано учење, иновативност и истото ќе се применува во реалниот живот.

Општество базирано на знаење е иновативно, поседува заедница на инвидуи, организации, фирми, млади луѓе, ученици/студенти, истражувачи, техничари, мрежи вклучени во истражување и производство на производи и услуги.

Знаењето се користи за личностите да се надградат културно, материјално и пошироко да се изгради оддржливо општество.

Програмата на дејствување вклучува реализација на креативни, иновативни, едукативни, научно-истражувачки, советодавни, експертски, консултантски и адекватни активности и проекти кои ќе овозможат во општеството:

  1. сите форми на знаење (научно, практично, теоретско) да комуницираат меѓусебе на нови начини;
  2. поврзување на општото, иновативното и научното знаење,
  3. пристап до нови можности, знаење и подобар живот
  4. континуиран дијалог помеѓу општеството, науката, бизнис секторот, младите
  5. науката и технологијата да бидат атрактивни за жени, магинализирани групи, лица со попреченост, да избираат нови кариери

Активностите се реализираат во делот на развој на стартапи – отварање на сопствен бизнис, стекнување на вештини за вработување, развивање на капацитети на одредени работни позиции со менторство и коачинг, организирање на настани за зголемување на свесноста на заедницата за предизвиците, новите трендови, ситуациони анализи со препораки за акции, како што се:

  • Неформална едукација, современо стручно образование, обуки за личен и бизнис развој
  • Организација на курсеви, семинари, состаноци и деловни саеми.
  • Консултански услуги на индивидуи, фирми и организации, транфер за технологија и знаење
  • Стручни, научни дејности, специјализирани дејности.
  • Истражување на пазарот и испитување на јавното мислење и експериментален развој во општествените, хуманитарните и техничките науки.
  • Советување во врска со работењето и останато управување.
  • Обработка на податоци, хостирање и слични дејности.
  • Поддршка за аплицирање на проекти, грантови и донации
  • Промоција на членовите во регионот и други меѓународни мрежи

Највреден капитал на фондација се човечките ресурси. Персоналот е составен од проектен менаџер и администратори (технички, административни, финансиски, ИТ според потребите на проектите). ЕКСПЕРТИТЕ се избирани според барањата во проектите, како истакнати практичари во бизнисот, академскиот кадар со докторати, магистратури од областа на претпримништво, маркетинг, продажба, управување, развивање на стратегии, право, дигитални технологии. Воспоставената соработка со експертите обезбедува реализација на високо квалитетни проекти од широк спектар на области.

Фондација Сизигија во 2019 година остана посветена на својата програма и го зголеми своето делување со реализирање на годишен промет од 3.260.190 денари со 8 експерти.