Проект: „Црн Лебед“ (Black Swan) Набавка на услуги за обуки, мапирање, менторство и промотивни материјали

Фондација Сизигија Скопје, во рамки на проектот „Црн Лебед“, има потреба од ангажирање на надворешни експерти и организации за реализација на активности насочени кон NEET млади жени (15-24г.) и лица со попреченост.

 

СПЕЦИФИКАЦИЈА НА УСЛУГИТЕ

  1. Изработка на курикули за меки вештини детални наставни програми прилагодени на специфичните потреби на ранливите категории

ПРАВНИ ЛИЦА/ЕКСПЕРТИ кои аплицираат за треба да ја структурираат понудата за:

  • Модул 1: Вештини за работа и изработка на биографија

Фокус на личното ниво: градење на самодоверба и издржливост.

Практични алатки за креирање на CV прилагодено на NEET категоријата.

  • Модул 2: Права и обврски од работниот однос

Запознавање со законската заштита и правата на лицата со попреченост на работното место.

  • Модул 3: Барање на работа и интервју за работа

Подготовка за практиканство: чекорење кон подобра иднина преку реални симулации за интервју.

  • Модул 4: Социјално претприемништво

Промовирање на различноста на работната сила и нови бизнис модели за инклузивни заедници.

  • Модул 5: Дигитална писменост и АИ

Развој на модул за практична примена на АИ алатки (на пр. ChatGPT, Canva AI и сл.) за потребите на секојдневното работење и барањето работа.

Опис на курикулумот: Цели, модули и наставни методи.

Цена за изработка: Еднократен надомест за развој на содржините.

 

  1. Спроведување на обуки за корисниците за групи од мин 10 корисници од таргет групата

ПРАВНИ ЛИЦА/ЕКСПЕРТИ кои аплицираат за треба да ја структурираат понудата за:

Цена по ден: За фактичката испорака на обуката до корисниците со комплетна организација (тренер, корисници, материјали, освежување, храна, извештај)

 

  1. Мапирање, менторство и теренска работа

ПРАВНИ ЛИЦА/ЕКСПЕРТИ за мапирање и селекција на корисници (интервјуа и апликации).

Обезбедување на индивидуално менторство за вработливост и евалуација на корисници/ евалуација на сервис провајдери

 

  1. Верифицирани стручни обуки од мал обем ( до 10 учесници)

ПРАВНИ ЛИЦА/ЕКСПЕРТИ за спроведување на верифицирани програми за:

Таргет групата без основно образование

Производители на козметички производи

Негувател на стари лица

Обврска: Обезбедување на целосна настава, потрошен материјал и издавање на признати сертификати според доставената понуда

 

  1. Промоција и форуми

ПРАВНИ ЛИЦА/ЕКСПЕРТИ за маркетинг и организирање форуми за:

Графички дизајн, превод на албански јазик, печатење, отварање на социјални медиуми.

Организација на тематски форуми (логистика, кетеринг, превод, фото/видео).

 

ПРАВНА РАМКА И МОДЕЛ НА СОРАБОТКА

За секоја избрана понуда, во зависност од природата на ангажманот, ќе се примени еден од следните модели:

Меморандум за соработка за партнерски организации со кои се воспоставува долгорочна стратешка соработка и заедничка имплементација на проектни цели.

Договор за услуги за специфични, временски ограничени задачи каде точно се дефинирани испораките (deliverables) и финансискиот надомест по извршена работа.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Финансиска понуда (со спецификација) до Фондација Сизигија

Докази за квалификации/Биографија на експерт (верификации за обуки или референтна листа на претходно изработени курикули).

Потребната документација се доставува на емаил или на адреса:

sizigija@gmail.com

1000 Скопје  Аеродром

ул. Петар Ацев бр.15/1-5